На Лионел Меси не му преостанува уште многу во дресот на Барселона, бидејќи неговиот договор истекува за неколку месеци.

Поранешниот голман и спортски директор на Барселона, Андони Зубизарета верува дека Меси веќе донел одлука за неговата кариера.

Меси и остатокот од тимот го чекаат натпреварот од финалето на Купот на кралот за викендот, а Зубизарета верува дека конечниот исход на тој натпревар нема да влијае на конечната одлука на Аргентинецот.

“Меси заслужува да размисли и да одлучи. Претседателот Лапорта ќе стори се за да го задржи. Ако остане одлично, ако не, тогаш ќе продолжиме да играме”, рече Зубизарета.

“Мислам дека Меси веќе донесе одлука во главата. Тој е ветеран и сите ги имавме оние денови кога ќе решиме да ставиме крај на кариерата”.

“Така беше за мене по поразот од Милан од 4:0 во Атина, но 24 часа подоцна сопругата ми рече да продолжам. Меси е фудбалер, а не маркетинг производ. Тој е доволно стар да знае дека понекогаш губи, понекогаш тој победува”, додаде поранешниот голман.

Меси ја помина практично целата своја постара кариера во Барселона и се чини незамисливо да го видиме во друг дрес. Сепак, дали незамисливото ќе стане реално, ќе дознаеме за неколку месеци.