Нема информации за текот на денешната рунда разговори Комисијата за историски прашања со Бугарија, која ќе продолжи со работа утре.
Се дознава дека членовите на Комисијата расправаат за идентитетот на Делчев и учебниците за седмо одделение.
Македонскиот тим од Комисијата известуваат дека јавноста ќе биде официјално запознаена утре преку соопштение за евентуалниот напредок на разговорите.
Членовите на бугарскиот тим пред денешната средба изјавиле дека Комисијата ќе се соочи со истите тешкотии како и досега.
„Нема друг начин освен да прифатиме рационално размислување и придржување кон духот на изворите, на светската историографија. Само така можеме да одиме напред“, изјавил бугарскиот историчар, Наум Каичев.
Последната средба во декември беше карактеризирана како тотално фијаско, Преспанскиот Договор кој треба да ги отвори вратите, историчарите го ставија како пречка за понатамошни разговори, а бугарскиот тим ја оспори придавката македонски.