Многу е сигурно дека Луис Хамилтон и Валтери Ботас нема да бидат колеги во Мерцедес следната сезона.

Како што сега стојат работите Луис Хамилтон ќе има нов колега, возачот на Вилијамс, Џорџ Расел.

Тото Волф претходно изјави дека Мерцедес ја донел конечната одлука, а наскоро се очекува официјална потврда за преминот на Расел во еден од најдобрите болиди на гридот.

„Знам каде ќе возам следната година“, рече Расел и продолжи.

“Нема да седам тука и да лажам. Вистина е дека нема што да објавувам, но јас сум свесен за ситуацијата и каде ќе возам следната година.”

Мерцедес се грижи за кариерата на младиот Британец од 2017 година, дури и го смени Хамилтон на патеката Шакир минатата година кога неговиот постар колега беше позитивен на коронавирус.

Овој 23-годишник во слаб автомобил на Вилијамс покажува дека е одличен возач. Тој, исто така, стигна до историско второ место на Белгиското ГП благодарение на одличните квалификации.