Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко потрошил 110 илјади евра од буџетот на општината за осветлување на реката Дрим. Долж речното корито Мерко поставил 300 светилки за кои потрошил околу 50.000 евра.
Граѓаните што живеат покрај кејот се плашат дека осветлувањето може да биде штетно за здравјето на нивните семејства. Тие сметаат дека и без осветлување Дрим е убав.
Реагираат и од Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои бараат Антикорупциска да го разгледа случајот, а стручната јавност да истражува како ваквата постапка ќе се одрази на животната средина.
„Далеку од памет е да се потрошат 100.000 евра за кичерајско осветлување на Дримотво перид кога општината има далеку поголеми нерешени комунални проблеми“, велат во ВМРО ДПМНЕ.