Здравствените власти изменија еден детал кај последните мерки за угостителските објекти. Не земајќи предвид дали угостителскиот објект има капацитет под 30 или над 30 гости, клиентите кои ќе влезат мора да покажат сертификат за најмалку една доза примена вакцина или доказ дека го прележале Ковид 19 во последните 45 дена.
Од денеска и за влез во затворените трговски центри, обложувалници, казина, свадби, родендени, концерти, семинари, тренинзи, конференции, културни и спортски настани, треба да имате доказ за вакцинација или дека сте го прележеле вирусот во последните 45 дена од денот кога сте излекувани. Контролата за ковид документите низ трговските центри ќе ги врши надлежен инспектор, вели Филипче.
Во меѓувреме како за нашите државјани така и за странските, од 1 септември на граничните премини ќе ви ги бараат овие ковид документи.
Сертификат за имунизација дека лицето примило две дози вакцина против Ковид 19.
Лекарска потврда за прележана инфекција во последните 45 дена од денот на лекување
Негативен ПЦР тест не постар од 72 часа од влез во РСМ.
Од МЗ информираат дека за деца под 18 годишна возраст, ниту на граница ниту низ другите угостителски објекти нема да се бараат сертификати за вакцинација ниту доказ за прележан вирус во последните 45 дена. Во меѓувреме за нашите државјани кои ќе се враќаат во земјава по 1 септември, доколку немаат ниту еден ковид документ , ќе им се одреди мерка карантин од 7 дена домашна изолација.