На денешен ден во 1945 година, безусловната капитулација на Германија ја заврши Втората светска војна во Европа и по тој повод германската канцеларка Ангела Меркел рече дека „трајна одговорност“ на Германија е да го зачува споменот на милиони луѓе кои ги загубија своите животи во текот на годините на „национал-социјалистичката тиранија“.
Според портпаролот на германската влада, Стивен Зајберт, на Твитер, Меркел посочила дека 8 мај 1945 година е „ден на ослободување“ што значеше крај на нацистичката диктатура и „крах на цивилизацијата што беше Шоа“ (Холокауст).
„Останува наша трајна одговорност да го одржуваме споменот на милиони луѓе кои ги загубија своите животи во текот на годините на тиранијата на националсоцијалистите“, ја цитирал Зајберт канцеларката Меркел.
Kanzlerin #Merkel zum #8Mai1945: Es bleibt unsere immerwährende Verantwortung, die Erinnerung an die Millionen von Menschen wachzuhalten, die in den Jahren nationalsozialistischer Gewaltherrschaft ihr Leben verloren. #TagderBefreiung pic.twitter.com/xtJkTizPw1
— Steffen Seibert (@RegSprecher) May 8, 2021
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас им се заблагодари на милиони луѓе кои, како што истакна, ги ризикуваа своите животи и се жртвуваа за да го ослободат светот од фашизмот, но тој истакна дека фашизмот и денес е присутен, пренесува Танјуг.
„За жал, идејата за фашизам сè уште не е целосно искоренета“, рече Мас на Твитер.