Мерилин Менсон остана без издавачка куќа по скандалот откако актерката Еван Рејчел Вуд го обвини музичарот за сексуално злоставување.
Од издавачката куќа „Loma Vista Recordings“ изјавија дека веќе нема да работат со Менсон и веднаш ќе прекинат да го промовираат неговиот последен албум.
InstagramМенсон ги негираше обвинувањата, велејќи дека станува збор за „ужасно нарушување на реалноста“. Неговото гостување во драмата „American Gods“ исто така ќе биде отстрането, јавуваат од „Starz“.
„Поради обвинувањата изнесени против Мерилин Менсон, решивме да го отстраниме неговиот настап од епизодата во која гостува, која треба да се емитува оваа сезона. „Starz“ стои со сите жртви“, изјавија од компанијата.
Најновиот албум на пејачот „We Are Chaos“ кој беше објавен минатата година преку „Loma Vista“, достигна број седум на британските топ листи и топ осум во САД.
Менсон одговори на обвинувањата со објава на својот инстаграм-профил во понеделникот.
„Очигледно, мојата уметност и мојот живот долго време беа магнет за контроверзии, но овие неодамнешни тврдења против мене се ужасно нарушување на реалноста“, вели тој.
„Моите интимни односи отсекогаш биле целосно консензуални со истомисленици. Без оглед на тоа како – и зошто – другите сега избираат погрешно да го претстават минатото, тоа е вистината“, додаде Менсон.
Еван Рејчел Вуд го обвини Мерилин Менсон за сексуално злоставување кое траело со години