Со висина од 162 см, Мери Зибероска Петреска, д-р по еколошки ресурси, имала 104 килограми и носела облека со конфекциски број 56. За една година и десет месеци успеала да стопи цели 36 килограми и да стигне до конфекцискиот број 38.
Од кога вишокот килограми почна да ти пречи?
– По раѓањето на моето прво дете, па потоа второто, и ако погледнам наназад тоа е еден долг период на борба со килограмите и за своето здравје и убав изглед. Ги испробав сите можни начини, со капсули, таблети, прашоци, шејкови, интернет диети, најнови апарати за слабеење, сѐ што ми беше понудено од корисници или пријатели, но сѐ беше без успех. Или, доколку имаше успех, килограмите брзо се враќаа. Така беше сѐ додека не ја пронајдов вистинската формула, која ми овозможи видливи резултити и на диетен и на здравствен план.
Зошто се одлучи да ја пробаш липосукциската исхрана?
– Колешката која знаеше дека долги години водам битка со вишокот килограми ми ја препорача липосукциската исхрана. Почнав да истражувам за неа на Интернет пред да го купам првото „Липо“. Прво што ме привлече е што меѓу декларираните својства на производот немаше хемија. Тогаш ја донесов одлуката. Нарачав само еден пакет, за да пробам, тоа е половина доза. Успехот беше видлив за многу кусо време. Сепак, стравот дека ќе се соочам повторно со познатиот јо-јо ефект, постоеше. Го нарачав и вториот пакет за следните седум дена. Продолжив да се придржувам до сите насоки што ми беа дадени во протоколот за исхрана. Почнав да се чувствувам многу подобро, а тоа го потврди и интернистот, кој остана збунет пред зачудувачките резултати. Крвниот притисок се регулираше, како и работата на срцето. И самиот интернист се заинтересира за методот што го применувам, па истражувал за него, подоцна ми рече дека методот е потврден и од интернистите во Франција. Во меѓувреме, честите контроли стануваа сѐ поретки.
Како изгледаше твоето диетно мени?
– Во првите 14 дена до 20 часот консумирав од пакетот „Липо“, а ако почувствував глад јадев краставица. Вечерата се состоеше од месо, јунешко, мисиркино, пилешко, риба, морски плодови и салата од краставица или марула, зелка, авокадо, брокула, спанаќ, рукола, тиквица, модар патлиџан. Во втората фаза, најчесто појадував разни видови семиња – сончоглед, семки од тиква, ленено семе, орев, лешник, бадем, црно семе и др., со домашно подготвен кефир. Понекогаш појадокот се состоеше од препорачаното лепче подготвено по рецепт од протоколот, на база на семиња, без брашно, во комбинација со малку путер, сланина или јајца, домат, ајвар, кајмак. Појадокот толку заситува што немав потреба да ручам. Не чувствував глад сѐ до вечерата, која беше најбогата и најубава. Некогаш вечерав и парче ребро, па и чварки, покрај месото од секаков вид и рибата. Најмногу уживав во салатите кои беа богати.
Кога ги почувствува првите резултати?
Верувале или не, веднаш. Во првите 48 часа од протоколот.
Колку килограми успеа да симнеш и за колку време?
– За 14 дена бев послаба за 9 килограми, а до крајот на протоколот симнав 13 килограми за еден месец. Во периодот на слабеење на секои три недели морав да си купам нови панталони. За 90 дена симнав 22 килограми, односно од конфекциски број 56, веќе бев со број 46. А најважно беше што кожата не ми „висеше“, иако не вежбав. По точно една година и 10 месеци, имав „стопено“ вкупно 36 килограми, а носам облека со конфекциски број 38.
Дали по драстичната трансформација врати од килограмите?
– Немав јо-јо ефекти. Но имав периоди кога „скршнував“ од исхраната и си дозволував мал одмор, односно свесно си дозволував да додадам по два-три килограми. Зашто бев свесна дека со еден третман повторно ќе загубам и до 6 или 8 килограми.
Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.
(комерцијален текст)