Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека сегашниот светски поредок е завршен, на економска конференција во Берлин организирана од германскиот весник „Цајтунг“.
„Сè уште не знаеме како ќе изгледа светскиот поредок за неколку години, но сигурно знаеме дека поредокот што ние на Запад го знаеме во последните 80 години, а на Исток 35 години, овие денови, недели, месеци, денес, на овој ден кога се среќаваме тука – е завршен“, рече Мерц.
„И ако сакаме да обликуваме нов светски поредок, тоа е можно само заедно со нашите европски соседи“, додаде тој.
Канцеларот Мерц истакна дека предизвиците со кои се соочува германската влада „се толку разновидни како ретко, а можеби и никогаш порано во повоената историја на Сојузна Република Германија“. Мерц ги наведе конфликтот во Украина, односите со Кина и трговските несогласувања со Соединетите Американски Држави.
„Во Атлантикот се појави длабок јаз што доведува во прашање многу работи – речиси сè што го сметавме за правилно и неопходно во трансатлантските односи во последните децении“, рече тој.
Фото: принтскрин
Текстот Мерц: Ова е крајот на светскиот поредок каков што го знаеме е превземен од МАКФАКС.























