Доктор Бојан Трајковски е дел од ПЗУ Вера Медика и тој преку својата работа, во рамки на домашната посета, секојднеевно помага на луѓето кои се бораат со корона вирусот. Впечатоците од својата работа ги споделува на Фејсбук и тоа најчесто се совети и апели за заштита на здравјето. Но, денес Фејсбукот статусот е посветен на 95 годишна пациентка, која поминала многу во животот и многу храбро се соочува и со овој предизвик.
Денес во домашна посета баба од 95 години, памет “срча” со коментар после прегледот:
Ех бе синко мене Германците и Бугарите во Втора Светска не ме плашеа и ништо не можеа да ми направат, не па коронава не ќе сум можела да ја победам!
Тек имам за живеење јас!!!
Ваква позитива ни треба, напиша д-р Трајковски.
Денес во домашна посета баба од 95 години, памет “срча” со коментар после прегледот:
Ех бе синко мене Германците и…Posted by Bojan Trajkovski on Tuesday, 13 April 2021
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.