Лидерот на ДПА Мендух Тачи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, меѓудругото изјави дека немаат доволен број пратеници или политичка моќ со која би можеле да му се наметнат на премиерот Заев, инаку никогаш не би влегле во владина коалиција во која дел е и ДУИ. Како што вели години наназад ДУИ била на власт со ВМРО-ДПМНЕ, а за ништо не одговарала. Ги злоупотребува Албанците, а според него СДСМ повеќе направила за нив отколку ДУИ.
Водител: Дали би влегле комбинација коалиција ДУИ и СДСМ?
Мендух Тачи: Не! Со ДУИ не. Не со ДУИ никогаш. Ние сме реков пред малку единствена политичка партија која е здравиот конкурент на ДУИ.
Водител: Но, вие сте со ДУИ во коалиција?
Мендух Тали: Немаме политичка моќ да му се наметнуваме на премиерот, или немаме политичка бројка да му кажеме по никоја цена со ДУИ. Бројките се такви. Инаку да би имале политичка моќ и математика во пратеници, ние никогаш не би влегуваме во коалиција со ДУИ.