Дисциплинската комисија на Француската професионална фудбалска лига донесе одлука за казната на Тијаго Мендеш кој доби црвен картон на натпреварот од 14. Коло. Играчот на Лион со лизгачи старт го повреди Нејмар од ПСЖ во последната минута од судиското продолжение.

Мендеш е дисквалификуван на три натпревари, од кои еден е условен.

Поради повредата што му ја нанесе на Нејмар, изминатите денови Мендеш од фановите на Нејмар добивал заканувачки пораки по неговиот живот.

Повредата на стапалото на Нејмар, иако првично изгледаше застрашувачки, сепак според прогнозите, нема долго да го оддалечи фудбалерот од терените.