Според извештајот на ИЈЗ во текот на минатата недела пријавени се 190 реинфекции, што значи пораст за 58,3% во споредба со минатата недела, а бројот на активни случаи достигна 1591. Пораст на бројот на позитивни случаи со Ковид не е забележан само во Македонија вели директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети за ТВ 21.

„Имаме пораст во неделниот извештај од ИЈЗ за Ковид за една недела. Овој пораст е во целиот регион. Кај нас во Македонија, градови со најголем број позитивни случаи се Скопје и Кавадарци“, посочи Шабан Мемети.

Меѓу другите градови во кои е забележан пораст на бројот на заразени, е Охрид. Во моментов нема препораки за нови мерки, а остануваат актуелните мерки за задолжително носење маски во автобус, здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и домовите за лица со посебни потреби. Во последните 24 часа регистрирани се 297 заразени со корона вирус од вкупно 1113 тестирања. Од 297 заразени, 69 се реинфекции. Во последните 24 часа има едно починато лице, а оздравеле 180 пациенти.