Американскиот претседател Доналд Трамп и италијанскaта премиерка Џорџа Мелони се сретнаа денеска во Вашингтон, каде што ја истакнаа важноста од зајакнување на односите меѓу САД и Италија и најавија склучување на нов трговски договор пред средбата, пишува Би-Би-Си.

Трамп нагласи дека „сто проценти ќе има трговски договор“ и ја пофали Мелони како „одличен премиер и вистински светски лидер“. Мелони изрази уверување дека е можно да се постигне договор, нагласувајќи ја важноста од искрен дијалог и заедничко зајакнување на двете земји.

Главна тема на разговорот била трговската политика, а Мелони најавила дека ќе се обиде да спречи трговска војна меѓу САД и ЕУ и ќе го покани Трамп на средба со европските лидери во Италија.

Трамп рече дека САД немаат причина да се грижат за односите на нивните сојузници со Кина и најави можност да склучат „многу добар договор“ и со Пекинг.

Средбата меѓу Мелони и Трамп се смета за клучен момент за идните односи меѓу САД и Европа, особено во светло на најавените американски царини за европските производи.