„Кај нас има тенденција да не се кажува вистината до крај. Додека се зборува за статусот на Бугарите, источна Македонија се празни и ќе се насели со пакистанци или Авганистанци, кои ќе бараат да влезат во Уставот.“ вели Мехмети во Само Интервју на Канал 5 телевизија.
„Проблемот на македонскиот народ , според мене, е во тоа што има слаби политички, културни и научни елити. Мислам дека не се способни да го бранат идентитетот на македонскиот народ . Ако се неспособни да го бранат името или идентитетот на својот народ , тогаш не може да биде виновен некој друг.
„Постојат факти и не може тие да се негираат. Жал ми е, но сметам дека кај македонската елита преовладува српската памет, вели Мехмети.






















