Од мерките за заштита против Ковид19 на владата на Косово да ги затвори границите, корист имаа само скопските лаборатории каде се прават ПЦР тестови, коментира со остра реторика кон лидерот на ДУИ Али Ахмети, аналитичарот Ким Мехмети.
И додека некои европски држави ги укинуваат сите мерки против оваа пандемија, владата на Косово продолжува да не потценува, злоупотребувајќи го нашиот страв од болеста и, штитејќи ги Албанците таму од нас од оваа страна на границата. Но сепак, границата останува отворена за претседателот на ДУИ, кој се сретна со премиерот на Косово, можеби за да го информира дека разни македонски актери работат за да му наштетат на неговата партија!?, прашува Мехмети на својот Фејсбук профил и додава:
И навистина тој лаже: полициските и политички македонски кругови прават се за да ја заштитат ДУИ како посебна македонска вредност – и од Албанците! И во право се, затоа што подобар вазал од ДУИ не можат да најдат и бидејќи ДУИ со ништо не им наштетил и не им штети на Македонците, туку на Албанците од Македонија!