„Јас гарантирам дека судството од 1991 г. беше повеќе судство од денес. Па денеска вие имате партиско судство. Денеска судијата треба да ги помине партиските стандарди“, изјави писателот и публицист Ким Мехмети во емисијата 24 анализа на Тв 24.
Мехмети даде пример со тоа на што се повикувала СДСМ, но и таа партија поставила свои судии, сменила некои судии и како што вели тој повторно имаме партиско судство.
Според Мехмети тоа не важело само за ДУИ бидејќи нивните судии веќе 20 години биле забетонирани.
„Единствено судиите на ДУИ не се менуваат, тие се постојани, оти 20 години тие се забетонирани“, дециден е Мехмети.