Докторот Злате Мехмедовиќ предвидува три можни сценарија во врска со пандемијата на корона вирусот во земјата. Првата е короната да стане ендемиски вирус, кој ќе биде своевиден грип што ќе циркулира во одредени подрачја или сезона. Второто е тој да биде присутен во одредени региони во одредено годишно време и третата варијанта која е најмала, вирусот постојано да мутира и да го избегнува имунитетот од претходните варијанти.
„Најмала возможна радикална варијанта е нова мутација, која го избегнува имунитет на омикрон. Трансмисија на вирусот не може да се исклучи, која ќе биде полесно заразна и од омикрон. Тоа ќе не враќа на почеток, нова вакцина, нова вакцинација, ново прележување, ресетирање на системот. Тоа не треба да се исклучи, ако се случи несаканото, ќе биде потешко“, вели докторот Мехмедовиќ во интервју за ТВ Шења и порталот zoom.mk.
Тој тврди дека постојат три причини зошто во земјата има висока стапка на смртност од корона вирусот, ниска стапка на вакцинација, индивидуалното однесување на пациентите кои многу касно барат лекарска помош и на крај отсуството на протоколи.
„Не успеавме да создадеме позитивна клима да се прифати вакцината. Само 40 отсто од населението е вакцинирано, што за нас е катастрофа. Второ, пациентите многу доцна бараат лекарска помош, имаат ниска сатурација, со тешко оштетување на белите дробови, кои во наредните 24 часа умират, што и да направите. И трето немање протоколи, потпишани од министерот за здравство, кој ќе пропишува третман на болните, не само кога ќе влезат во болница, туку целокупниот систем, кога се појавуваат симптомите, како да се следи, лабораторија, рендген, терапија, хоспитализирање, која терапија за лекувате. Кога ќе заврши лекувањето, следењето, компликациите, рехабилитацијата и слично“, објаснува Махмедовиќ.
Според него нашите болници имаат користено три различни протоколи од странство, и таму се гледа дека има разлика затоа што сите болници немаат ист процент на смртност.
Поради неговите настапи во медиумите и социјалните медиуми со кои го промовираа вакцинирање последните две години Мехмедовиќ добива закани преку социјалните мрежи, кои не ги пријавува во полиција туку одлучил да ги објави на Фејсбук за што добил јавна поддршка од граѓаните, но не и од институциите.
„Немав никакво контакт со институциите. Не знам дали е постапено, по допрен глас“, открива тој.
Тој ја пофали одлуката на влада за продолжување на зимскиот распуст и бара од први февруари наставата да продолжи онлајн за да не се загрози здравјето на учениците.