Бројот на позитивни случаи на Ковид-19 периодов е намален, но не и смртните случаи. Намалувањето на дневните температурите и собирите на отворено ќе влијаат негативно врз епидемиолошката состојба, смета лекарот Злате Мехмедовиќ. Како што вели, нѐ очекува тешка есен и зима кога станува збор за коронавирус, бидејќи, како што објаснува, делта сојот е попренослив и повирулентен.
Со песимизам, Мехмедовиќ констатира дека без да се постигне колективен имунитет, нема да има спас од новите соеви на вирусот кои би можеле да пристигнат во нашата земја. Тој нема големи надежи дека наскоро би можеле да означиме крај на пандемијата.
За влошување на состојбата ќе влијаат и митинзите кои се одржуваат поради предизборната кампања, смета Мехмедовиќ.
До вчера се вакцинирани вкупно 726.625 граѓани со две дози, а 181 граѓанин веќе има примено и трета доза. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35% примила две дози анти-ковид вакцина.