Во Даут пашиниот амам во Скопје се одржа 7. Меѓународна манифестација на турската поезија „Јахја Кемал Бејатли“, во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

На овој настан учествуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, заменик министерот за труд и социјална политика на Северна Македонија, Енвер Хусеин, советникот за образование при амбасадата на Турција во Скопје, Илкер Ќостерелиоглу, поранешниот претседател на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат, политичари, претставниците на турските организации и институции во земјата, поети и љубители на поезијата.

Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска, поздравувајќи ги присутните на турски јазик, нагласи дека навистина и претставува голема чест и привилегија што е тука меѓу пријатели, меѓу голем број на луѓе кои високо ги цени.

„Сите ние пред сѐ сме пријатели, а потоа сме луѓе кои сакаат да ја негуваат културата и историјата и сето она што не спојува и не прави заедно да ги негуваме вредностите коишто ги чувствуваме како заеднички”, рече Арсовска, посакувајќи ваквите настани да продолжат и во иднина.

„Верувам дека ќе имаме можност да соработуваме, да работиме на тоа да ги негуваме овие пријателски односи коишто сме ги граделе досега во изминатите години, и да покажеме и да докажеме дека можеме да направиме многу повеќе, особено во релациите коишто Македонија ги има заедно со Република Турција и коишто досега се покажале дека навистина може да бидат еден мост преку коишто ќе се негува сето она во коешто заедно веруваме, а тоа е дека можеме да соработуваме не само на полето на културата, туку и на полето на економијата, и да ги негуваме сите оние заеднички вредности, меѓу кои е и традицијата која што ја имаме”, нагласи Арсовска.

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Емин, рече дека Јахја Ќемал Бејатли е роден во Скопје, и познат е како голем интелектуалец и книжевен човек во турската литература.

Тој укажа на важноста дека денеска преку овој настан Бејатли се сеќава во својот роден крај.

„Постигнавме голем напредок во тоа овој настан да стане традиционален. Осебено сме среќни што последните четири овој настан се организира со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија, и што тој е ставен во годишна програма“, додаде Емин.

Во рамки на програмата, поетите од Северна Македонија, Турција, Косово и Босна и Херцеговина читаа поезии, додека различни професори одржаа предавања во врска со Јахја Кемал Бејатли.