Денес во Велика Британија знамињата се спуштени на половина копје, во знак на жалост поради смртта на принцот Филип, кој почина вчера на 99-годишна возраст.
Членовите на кралското семејство се огласија јавно и изразија жалење поради непоправливата загуба на нивниот дедо, но пошироката јавност чекаше само едно – реакцијата на Хари и Меган Маркл.
И додека некои мислеа дека парот ќе биде доволно дрзок и нема да се огласи по овој повод, Хари и Меган се огласија на официјалната Инстаграм страница на нивната добротворна организација „Archewell“.
„Во сеќавање на неговото кралско височество, војводата од Единбург 1921-2021. Ти благодариме на твојата служба… Многу ќе недостасуваш“, стои во објавата.
Смртта на принцот Филип поттикна погодувања во медиумите дали пинцот Хари и неговата сопруга ќе дојдат на погребот, кој ќе биде одржан следната сабота.
Според пишувањето на Дејли мејл, принцот Хари ќе дојде во Британија, и тој веќе се слушнал со неговиот татко Чарлс, како и со принцезите Беатрис и Евгенија, и планира да дојде на погребот на својот дедо, но неговата сопруга нема да се појави.
Како причина за нејзиното отсуство на последното испраќање на принцот Филип, се наведува нејзината бременост, додека многумина зборуваат дека вистинската причина е скандалозното интервју кое Хари и Меган неодамна го дадоа кај Опра Винфри, а кое беше емитувано во моменти кога здравствената состојба на принцот Филип беше навистина лоша, а тој престојуваше во болница.
Британските медиуми пишуваа дека кралското семејство криело од принцот Филип се што е возможно да се сокрие во врска со скандалозното интервју со цел тоа дополнително да не го вознемири и да му ја влоши состојбата.