Меган, војвотката од Сасекс, ја напиша својата прва книга за деца наречена „The Bench“, која ќе биде објавена на 8 јуни.
Книгата зборува за врската помеѓу таткото и синот, видена низ очите на една мајка и е инспирирана од односот на принцот Хари со неговиот син Арчи Харисон.
Книгата е илустрирана од Кристијан Робинсон и ќе биде објавена од издавачката куќа „Random House Children’s Books“. Војвотката исто така e наратор на аудио верзијата на книгата.
„Книгата започна како песна што ја напишав за мојот сопруг на Денот на таткото, еден месец по раѓањето на Арчи“, рече војвотката.

„Таа песна прерасна во приказна. Кристијан состави прекрасни акварелни илустрации кои ја доловуваат топлината, радоста и удобноста во односите татко-син од сите сфери на животот, а начинот на кој беше претставено тоа е особено важен за мене. Кристијан и јас работевме напорно да ја покажеме оваа посебна врска“, рече Маркл во соопштението за јавноста.