Меган Маркл и принцот Хари споделија нова, досега невидена фотографија од нивниот син Арчи.
Во чест на нивниот син кој вчера наполни 2 години, војводата и војвотката од Сасекс споделија нова фотографија на официјалниот инстаграм-профил на Фондацијата „Archewell“.
На фотографијата со филтер може да се забележи дека истата е направена надвор, Арчи е фотографиран од позади, држејќи балони. Облечен во џемпер, фармерки и патики.
Меган и Хари го искористија роденденот на својот син за апел како луѓето во целиот свет можат да се приклучат и направат нешто добро. Во чест на роденденот на Арчи, ја повикаа светската јавност да донира во добротворни организации за да им се помогне на оние на кои им е најпотребно.
Меган и Хари се осврнаа и на фактот дека светот сè уште се бори да ја надмине пандемијата на ковид-19.
„Нема да можеме вистински да се опоравиме сè додека сите, насекаде, немаат еднаков пристап до вакцината“, велат тие, поканувајќи ги своите следбеници да донираат и да помогнат да им се овозможат вакцини на ранливите семејства ширум светот.
Потоа објавија и колаж од заеднички фотографии од растењето на нивниот син, а во описот на фотографијата гордите родители напишаа прекрасни пораки.
„Тоа е магија. Ги имам двајцата најдобри момци на светот, јас сум навистина среќна“, напиша Меган, војвотката од Сасекс
„Во моментот кога ќе станете татко, навистина сè се менува, затоа што тогаш почнувате да сфаќате и да се прашувате која е поентата да донесете нова личност на овој свет и што ќе се случи кога истата ќе дојде на ваша возраст? Не можеме да им ја украдеме иднината. Навистина не смееме да го направиме тоа… Отсекогаш верував и се надевам дека можеме да го оставиме светот како подобро место отколку кога го најдовме“, напиша принцот Хари, војводата од Сасекс.
Кралицата Елизабета, принцот Чарлс и војвотката Камила, како и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон испратија желби и честитки за роденденот на Арчи на социјалните мрежи.