Како што тврдат извори блиски на сопругата на принцот Хари, Меган Маркл нервозно го чека излегувањето на бомбастичните мемоари кои ги пишува нејзината полусестра Саманта Маркл, и кои ќе откријат многу, за јавноста непознати детали од животот на војвотката од Сасекс.
Следниот месец на полиците во американските книжарници стигнува книгата „Дневникот на сестрата на арогантната принцеза, прв дел“, чиј автор е 56-годишната Саманта Маркл, во јавноста позната како постарата полусестра на Меган Маркл. Како што открија од „Барнс и Нобл“, книгата која ќе излезе на 1 февруари, ќе открие дури 330 страни сè уште неоткриени тајни за семејството Маркл.
Бомбастично најавувани, мемоарите создадоа непријатности кај Меган Маркл, која како што тврди извор близок со неа, „со грч во желудникот“ го чека нивното излегување. Меган наводно е многу вознемирена, што е оправдано, но од друга страна нема намера јавно да покаже дека тоа ѝ пречи.
Како што стои во најавата на книгата, таа треба да открие дека работите не се онакви какви што изгледаат, особено во светот каде што општеството нè дефинира какви сме, како живееме и како гледаме едни на други. Покрај тоа, самата авторка се нашла среде медиумски хаос откако открила скриени тајни за семејството.
Иако двете полусестри последен пат се виделе уште во дамнешната 2008 година, Саманта многу самоуверено зборуваше за својата сестра, речиси како да се виделе вчера, и беше прилично критички настроена кога раскажуваше за нејзиниот карактер.
Дека има намера да пишува книга Саманта Маркл откри уште во април 2008 година, кога врската на нејзината сестра со принцот Хари стана јавна, а минатата година го најави и продолжението.