Среќната вест дека по вторпат ќе станат родители, Меган Маркл и принцот Хари одлучија со јавноста да ја споделат на Денот на вљубените. Можеби тоа и не би било толку необично, доколку во тоа не се најдеше поврзување со принцезата Дијана.

И принцезата Дијана токму на Денот на вљубените во 1984 година открила дека е бремена со второто дете, односно со принцот Хари.

Во архивата е пронајден примерок од Дејли експрес во кој бременоста на Дијана е објавена преку официјална објава на Бакингемската палата, во која пишувало дека кралицата Елизабета и принцот Филип се одушевени со среќната вест, додавајќи дека на Дијана, која тогаш имала 22 години, сосема ѝ е сеедно дали бебето ќе биде машко или женско.

Во моментот на среќната објава принцот Вилијам имал 20 месеци, а Хари е роден на 15 септември 1984 година. Сето тоа некако се поклопува со новата бременост на Меган Маркл, иако точниот термин кога треба да се роди бебето не е познат.

Profimedia

Својата бременост Меган ја потврди со црно-бела фотографија која ја снимил нивниот фотограф Мисан Хариман.

Меган носи бел фустан кој исто така има посебно значење. Токму тој фустан со потпис на Каролина Херера за Меган е направен за време на нејзината прва бременост со Арчи.