Како и многу светски ѕвезди, Меган Маркл го користи своето средно име во јавниот живот. Малку е познато дека нејзиното целосно име е Рејчел Меган Маркл.
Токму овој факт ги воодушеви нејзините обожаватели затоа што таа го играше ликот на Рејчел Зејн во серијата „Suits“.
Целосното име на Меган се појави во центарот на вниманието пред неколку години кога кралицата Елизабета ја благослови нејзината врска со принцот Хари. Во официјалното соопштение, таа изјави дека го поздравува бракот на нејзиниот внук, принцот Хенри Чарлс Алберт Давид од Велс и Рејчел Меган Маркл.
Како што веќе прочитавте во реченицата погоре, таа не е единствената што не го користи своето вистински или прво име.
Дури и нејзиниот сопруг не го користи името што му е дадено при раѓањето. Хари е всушност Хенри, но целиот свет го познава по неговиот прекар, како што еднаш изјави принцот.
Иако не е сосема јасно зошто го избрала средното име, а не првото име, Меган неколку пати изјави дека нејзината мајка ја нарекувала по нејзиното средно име Меган или скратено „Мег“, па веројатно бидејќи пораснала со тоа име, природно дошло да го избере како официјално име за во јавноста.