Мефо Исмаили
Палењето знамиња, пцуењето, навредувањето, храброста во толпата или зад маски е најлесната работа! Дури „патриоти“ од ваков тип, се во толку голем број што нема торба за да ги собере!
Но, во оваа ситуација, мислам дека треба да се потенцираат две работи.
Прво: Од кога ќе палите, пцуете, топењето на егото на лажниот патриотизам, дали сте свесни кому сте му служеле, кому сте му пратиле вода на воденица и кому уште повеќе му го трасирате патот за да се збогатите на сметка на вашата глупост, додека тој продолжува да ве контролира и ве остава со празен стомак?!
Второто: Ете, добро уживавте и се самозадоволивте со овие вулгарни гестови, но кога се вративте дома, дали патот по кој одевте имаше асфалт и канализација, дали ви се зголеми платата во банка, и дали станавме членка на ЕУ?!
Не, се разбира дека не, затоа што, да ги палевме знамињата на партиите и да ги критикувавме политичарите толку многу колку што ги палиме знамињата и се навредуваме, денес барем ќе имавме канализација, книги во училиштата, исто така ќе бевме дел од ЕУ, и наместо да се занимававме со вакви глупости, ќе планиравме каде ќе го поминеме зимскиот одмор, а не да седиме во страв, дали продавницата во малото ќе ми даде леб и цигари на вересија!
И кога ќе видиме дека после сето ова, како постапуваат и реагираат одредени политички субјекти, кои наместо да повикуваат на смиреност, уште повеќе го разгоруваат огнот, јасно e дека за нив најважно е граѓаните да се сиромашни и полни со злоба и омраза, наместо благосостојба и напредок на земјата.
На крај, порака до сите „Патриоти на батерии“ : Ако сте храбри, палете ги знамињата на тие партии кои не донесоа до ова дереџе и пцуете ги тие политичари, а не соседот и сограѓанинот!/Zoom.mk