Даниел Медведев му одржа лекција по тенис на Новак Ѓоковиќ, а тоа малкумина го очекуваа.
Ѓковиќ имаше историска можност да го освои четвртиот Грен слем во календарската година, но Медведев го победи во финалето на УС Опен со 6:4, 6:4, 6:4 во сетови.
По натпреварот, рускиот тенисер му кажа на српскиот ас дека е најдобар во историјата на тенисот, но неколку часа подоцна го смени своето мислење.
Одличниот Медведев рече дека никогаш повеќе нема да му каже на Ѓоковиќ дека е најдобар, од почит кон другите двајца членови на големата тројка, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
„Фактот што реков на теренот дека Новак е најдобар беше искрен, но никогаш повеќе нема да го кажам тоа. Ако играше друг тенисер против мене, немаше да го кажам тоа. Можеби тоа беше малку непочитување кон другите двајца, знаеме кои се. Само тоа ќе го кажам на оваа тема“.
Инаку, Ѓоковиќ, Федерер и Надал имаат по 20 Грен слем турнири, додека УС Опен за Медведев беше првиот најпрестижен турнир во неговата кариера.