Медиумското известување за изградбата на Коридорот 8 и 10 е непрофесионално и скандалозно бидејќи освен за евентуални злоупотреби медиумите треба да кажат дека проектот е од стратешко значење не само за земјата, туку и за НАТО.
„Намерата е да се стопира автопатот. Тој коридор мора да се заврши и ќе го завршат реномирани светски компании. Тие понудиле да го изградат уште во 90-тите години. Прашањето е зошто досега не е изграден“, прашува аналитичарот Никица Корубин во интервју за телевизија Шења и порталот зоом.мк додавајќи дека коридорот треба да биде брана за српскиот свет, не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион.
Според неа, тенденциозна е хистеријата што ја шират медиумите околу измените на законите кои произлегуваат од претходниот закон за стратешки проекти донесен во 2021 година.
„Законот предвидува рок од шест месеци за усогласување со другите закони. Вистинското прашање не е зошто законите се усогласуваат по скратена постапка, туку зошто се чекало две години“, објаснува Корубин.