Тројки се родени во болница во Пловдив, откако во телото на жената биле вградени два ембриони. Сепак, бебињата во утробата на мајката се испоставиле дека се три. 

Ова го изненадило не само семејството, туку и лекарите.

„Лекарите ми рекоа дека мојот случај е медицинско чудо! Многу ретко и необјасниво“, изјави мајката Илијана Спасова.

Тројките се првите деца на семејството Спасов од Пловдив.

„Она што е интересно во овој случај е дека овие три фетуси се формираат од две оплодени јајце клетки. Едниот се дели на два и се добиваат две идентични близнаци плус еден дополнителен фетус“, објасни проф. Благовест Фливанов од УССАГ „Селена“ – Пловдив.

„Три години и малку јас и мојот сопруг се обидувавме да зачнеме дете по природен пат, но на крајот не успеа, па решивме да одиме на лекар“, рекла жената.

Токму тој во пресрет на Божиќ им ја соопштил радосната вест – не едно, не две, туку три бебиња. 

И покрај предупредувањето на лекарите дека оваа бременост носи многу ризици, како за нејзиниот живот, така и за трите бебиња, Илијана е решена да ги донесе тројките до крај. И така бебињата се појавуваат еден месец пред планираното раѓање. 

По краток престој на одделението за интензивна нега, поради малата тежина, тие веќе се отпуштени. Родителите ги советуваат сите кои се на нивниот пат да не губат надеж.