Четири години работеле во тетовската болница, но никогаш не добиле решение за вработување. Три месеци се без плата, а договорите не им се продолжуваат. Медицинските сестри и техничари решија да го изразат своето незадоволство пред вратите на тетовската клиника.
„Статусот и понатаму е нерешен, пет години, со договори, повеќе без плати. За време на пандемијата бевме ангажирани, а сега сме два месеци без плата. Нè вратија да работиме, наводно дека ќе има нешто, но сè уште нема ништо“, изјави Надире Ќамили – Медицинска сестр, јавува АлсатМ.
Директорот на болницата, Амир Елези, откако прифати средба рече дека овој кадар треба да остане кај нив бидејќи им требаат, но конечната одлука е на Министерството за финансии, по што ќе се регулира статусот на околу 80 лица.
„Постапката од болницата е извршена навреме. Министерството за здравство и Фондот за здравство поминаа, а сега се очекуваат одобренија во Министерството за финансии, од каде сè уште немаме официјален документ или документ за да се одобри или да се даде согласност за нивните обврски. Сепак, сè уште сме во време на пандемија кога е неопходно вработување во здравството, не само овие луѓе, потребни се уште вработувања, бидејќи медицинскиот персонал е преуморен“, рече Амир Елези – директор на Клиничка болница – Тетово.
Околу 100 лица, главно медицински персонал, веќе пет години се ангажирани во тетовската клиничка болница со договори кои честопати не се ни продолжуваат навреме, со ветување дека ќе им се реши статусот, но тоа не се случи.