Со крпење на дупките се одржува во живот државното здравство. Немањето на вработувања со години, одливот на кадар и непостоењето на стратегија е доказ дека во блиска иднина ке нема кој да ги лекува болните, вели д-р Божидар Кочоски од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, а пренесува Сител.

Многу студенти на медицина не ја гледаат иднината во јавните здравствени установи а оние повозрасните кои работат во болниците не можат да ги издржат честите дежурства. Фактот дека во земјата нема доволно педијатри за најмладите пациенти јасно укажува по кој пат оди здравствениот систем, алармира д-р. Кочоски.

-Ние постојано одиме надолу, да не се заложуваме дека имаме некаков напредок, ние само одржуваме. Веќе и крпењето на дупките не можеме да ги правиме бидејќи нема кадар, немаме медицински лица кои ќе можат да бидат искористени во одредени области, вели д-р Божидар Кочоски од АСМЛ.

Целата сторија на Сител.