Барселона веќе подолго време е во криза, и тоа многу се чувствува во резултатите.
По дебаклот во Лигата на шампионите и поразот од ПСЖ, фудбалерите на каталонскиот клуб доживеаја нов пад во неделата, бидејќи на домашен терен освоија само еден бод против слабиот Кадиз.
Дефанзивецот Климент Ленглет се приближи на израмнување на резултатот во 8 минута од натпреварот, кога беше поставен со проиграна топка од левата страна, но неговиот удар ја погоди стативата. Ленглет со солзи го напушти стадионот бидејќи беше јасно дека е свесен дека повторно е трагичар.
После големите критики кон овој играч, и поранешниот фудбалер на Барселона, Џереми Матје, рече дека знае многу добро низ што минува неговиот сонародник.
“Минав тежок период минатата сезона во Барселона. Се чувствував осамено во соблекувалната и немав поддршка. За мене тоа не е фудбал. Сега секој го „убива“ Ленглет и јас знам како е. Тој дава сè од себе, но понекогаш не оди и се покажува дека немаш поддршка “, рече Матје.