Ние се бориме за европски вредности, партиски органи, дебата, анализа, отчет на Владата сите овие се вредности коишто ние сме ги презеле од европски партии од Америка, од нивните институти коишто функционираат тука, НДИ, ИРИ кои вложиле во нас за ова, изјави потпретседателот на ДУИ и дел од т. нар. „Огнена група“ Изет Меџити, пред граѓаните на Куманово.

„Само со демократизирање на партиите може да се демократизира општеството и државата. И само на тој начин ќе имаме стабилно ДУИ, стабилна Влада којашто може да зборува и да работи кон 80 пратеници за промени во Уставот. Значи не можеме да зборуваме заедно за Европа, а сме против европските вредности“, вели Меџити.

Потпретседателот на ДУИ посочи дека неговите соработници даваат отчет за сработеното и истото го очекуваат и од сопартијците од ДУИ, да кажат како што, потенцира во изјавата, што сработиле и да се соочат со граѓаните.

„Очекуваме и другите на другите митинзи на ДУИ да се соочат со граѓаните, а не со функционерите, и да кажат ако ние ги критикуваме, нивно е да кажат, да ние сме сработиле. Ако сме во Гостивар да кажат што има направено во Гостивар. Денеска, сè во Тетово, што има направено за Тетово. Само на тој начин може да нè убедат граѓаните и нас дека тие се во право. Но, напротив не гледаме отчет таму, не гледаме сериозна дебата, туку гледаме се збори се и сешто не и за работата на владиниот состав на ДУИ на чело со Артан Груби“, изјави Меџити.