Пратеникот Изет Меџити, во гостувањето во Утрински брифинг, изјави дека проблемите во ДУИ се реални, разлики има, и тоа не е лошо да се констатира. Како што вели тој, разликите се концептуални, политички, имаат примедби на остварувањата на ветувањата на ДУИ.

Првата примедба на Меџити е тоа што, како што вели, во моментово во извршната власт ДУИ е претставена од луѓе кои немаат легитимитет од народот, односно Груби и Османи имаат ниска доверба кај граѓаните. Ова го поткрепи со учинокот на последнит избори каде ДУИ со носител на листа со Артан Груби беше трета на листа на партии по бројот на освоени гласови.

-Реално во ДУИ има проблеми, но добро е што дебатираме, што разговараме. Јас бев еден од поборвните ДУИ да се одлепи од ВМРО-ДПМНЕ, на чие чело беше тогаш Груевски и да се прикучи на оваа коалциија која придонесе да излезе од изолација, да биде членка на НАТО, да претендира за ЕУ. Исто така денеска примедбата, е дека јас сакав да ги приближам со СДСМ и Заев, но не да се претопат во нив, вели Меџити.

-Сакаме да го растеретиме малку госпидинот Груби, се нафатил да изиграва улог ана претседател во ДУИ. Имајќи предвид дека е касно дојден, мислам дека му треба време да се прилагоди на тоа и не може сите работи да ги врши, ова е тимска работа, вели Меџити.