Поранешниот градоначалник на Чаир Изет Меџити преку писмо го извести спикерот на Собранието Талат Џафери дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.

Во писмото, Меџити вели: „Со намера да не создадам забуна кај ниту еден мој колега во Собранието, а воедно и да дадам простор за промовирање на моите ставови зад кои силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ“

Во писмото кое го објави Алсат се вели дека оставката е поради случувањата во како што вели албанската политика и во неговата партија.

„Јас во текот на овие 20 години активен политички живот, секогаш докажував дека сум приврзаник и бранител на двата главни принципи на демократијата: гласот на слободната мисла и силата на гласот на мнозинството на гласачкото тело. Различното мислење е повеќе од здраво за демократско општество, додека силата на гласот на изборното мнозинство е главната одредница за концептуалноста на демократијата на сите нивоа… Од оваа причина, стоејќи достоинствено зад овие веродостојни принципа, се случуваат настани што на никаков начин не можат да бидат во прилог на најголемата политичка сила на Албанците на РСМ, уште поважно, дури ни во прилог на неприкосновениот лидер на Албанците, претседателот г. Али Ахмети. Со намера да не создадам забуна кај ниту еден мој колега во Собрането, а воедно и да дадам простор за промовирање на моите ставови зад кои силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ“,

се вели во писмото на Меџити до Џафери.
Меџити на крајот потенцира дека и натаму ги поддржува политиките на Ахмети и на како што вели гласачите на ДУИ.