Од тоа што може да гледа од страна, Изет Меџити не гледа итна потреба за реконструкција на Владата, но доколку дојде до тоа, критички настроениот потпретседател на ДУИ, смета дека првиот вицепремиер, Артан Груби, и МНР, Бујар Османи, не треба да бидат на нивните функции, објави ТВ21.
Меџити, кој е актуелен потпретседател на ДУИ за оваа телевизија изјави:
„Јас со надлежност можам да зборам околу Скопје, Чаир, ограноци кои се важни и придонесувале во ова победа со 1/3 на гласовите. Мислам дека г. Груби и г. Османи не се тие кои кредибилно можат да го застапат електоратот на ДУИ во Скопје.
Не се во прашање само имињата, туку и владината и програмата на ДУИ, како што вели Меџити, барајќи да се отвори дебата за изнесување аргументи. Меѓу неговите сомнежи е и малиот број на вработени Албанци во институциите.
„На крајот е вицепремиер и управува со Политичкиот систем, колку политички прашања се унапредувани во текот на овој период, колку капитални инвестиции има во овој период, како стоиме со прашањето на дисперзија на вработените за кои се зборува но и тоа не беше завршено, колкав е процентот на вработените Албанци во владините органи, министерства, управи, агенции. Врз основа на информациите со кои располагам, нивниот број е многу мал“, додаде Меџити.