Министерот за здравство Фатмир Меџити, на маргините на 76. Светска здравствена асамблеја учествуваше на настан организиран од неговите колеги од Украина и Полска, Виктор Лиашко и Адам Ниџиелски, посветен на унапредување на ургентниот здравствен одговор во Украина и пошироко, информираат денеска од Министерството.

– Механизмите за одговор можеме да ги зајакнеме преку заедничка соработка, меѓусебно споделување знаења и размена на искуства. Здравствените итни случаи стануваат уште покомплексни и попредизвикувачки во услови на конфликт, истакнал Меџити, изразувајќи поддршка за Лиашко.