Во рамки на официјалната посета на Вашингтон, првиот потпретседател на Владата Изет Меџити учествуваше на Меѓупарламентарниот безбедносен форум што го организираа конгресмените Пит Сешнс и Роберт Адерхолт.

На овој форум се разговараше за безбедносни прашања за Западен Балкан и за Европската Унија, со фокус на потребата од зајакнување на одбранбените институции и зголемен ангажман на земјите од регионот во НАТО.

Во својот говор пред учесниците на Меѓупарламентарниот безбедносен форум, Меџити истакна дека поддршката на Соединетите Американски Држави за одбранбениот сектор на Западен Балкан, по кризата предизвикана од војната во Украина, била и останува клучна.

„Северна Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалниот мир и безбедност, како одговорен актер и извор на извоз на регионалниот мир“, истакна првиот вицепремиер Изет Меџити.

Инаку, на овој форум учествуваа и претседателката на Косово, Вјоса Османи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кои ги споделија своите искуства во безбедносните предизвици.

Текстот Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалниот мир е превземен од МАКФАКС.