ДУИ продолжува со Груевски. Што претставува Груевски веќе знаеме, што претставува новото ВМРО, ќе видиме. Ние не се замараме со тоа, како ќе одлучат граѓаните Македонци ние не може да влијаеме. Но, можеме да кажеме дека првата точка на која ќе седнеме да разговараме ќе биде европската интеграција, уставните промени, па потоа за другите теми, вели лидерот на ДД Изет Меџити за „Фокус“.

-Една од причините зошто почна мојата битка е да се прекине владеењето со Никола Груевски во 2016 година. Затоа и платив цена, зашто се борев внатре во партиските тела со една мала група да се прекине со Груевски и да се почне со Зоран Заев, што после донесе до влез во НАТО. Така што и внатре во ДУИ бев дел од струјата што беше прозападна. Освен мене, Невзат Бејта, Теута Арифи, Висар Ганиу, сите други беа за продолжување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, изјави Меџити.

Интервјуто на Меџити прочитајте го на Фокус.мк