Во рамките на одбележувањето на меѓународниот ден на планетата Земја, денеска во неготинското село Вешје, екологистите од ,,Ековита” организираа садење на семки во саксија, од садници од долговечното и лековито дрво гинкго билоба.
-Дечиња но и возрасни посадија семки од ова интересно дрво во саксии. Саксиите си ги зедоа со себе и цела една година ќе се посветат на одгледувањето на новите дрвца. Најмладите, ги крстија по сопствените имиња. Потоа ќе ги засадат на различни места во Тиквешијата, појасни за МИА, Сашко Тодоров, претседател на ,,Ековита”.
Тој нагласи дека ова е мал придонес за подигање на еколошката свест, мал чекор но со големи и долговечни придобивки за сите, за чиста околина и здрав живот.
Семките ги обезбедија од здружението ,,Трорачица” од Скопје, а едукативен час по садење на семки од дрвца, одржа скопјанецот Томе Стојанов.