„Пензионерите немаат потреба од милост, туку од достоинство. И го заслужуваат во целост“, порача вицепремиерот Изет Меџити во соопштение по средбата со Здружението на пензионери на Чаир, каде лично ги слушнал потребите и гласот на генерацијата која, како што вели, го изградила овој народ и оваа држава со труд, жртва и посветеност.

„Денес, на средбата со Здружението на пензионери на Чаир, одблиску го слушнав гласот на оние кои го изградија овој народ и оваа држава со труд, жртва и посветеност“, наведува Меџити.

Тој потсети дека за само една година Владата презела значајни чекори за враќање на почитта кон пензионерите, истакнувајќи дека пензиите се зголемени за 7.000 денари.

„Ова е доказ дека политиката може да биде алатка за достоинство и правда, а не за заборав“, нагласи вицепремиерот, додавајќи дека ова е само почетна точка.

Меџити најави натамошна поддршка за пензионерите и нивната благосостојба:

„Со одлучност ќе продолжиме да инвестираме во здравјето, грижата и благосостојбата на генерацијата што му даде толку многу на овој народ. Ќе градиме достојна инфраструктура, ќе понудиме почувствителни услуги и ќе гарантираме еднаквост и почит за секој пензионер.“

На крајот, вицепремиерот се заблагодари за, како што рече, „мудроста, искуството и довербата“ што ја добива од постарата генерација:

„Заедно градиме иднина што ја почитува минатото и го вреднува секој придонес“, се вели во соопштението на вицепремиерот Изет Меџити.