Одамна кружат приказни во медиумите за можно заминување на Килијан Мбапе од “Паркот на принцовите” ова лето.
Името на младиот Французин најмногу се поврзува со Реал Медирд, а исто така и Ливерпул и Баерн се во трка за неговиот потпис.
Еден од најмладите освојувачи на СП е свесен дека неговиот сегашен клуб ПСЖ не е ист со него и без него, но не е сигурен дали сака да остане во Градот на светлината и во наредните години.
“Морам да донесам правилна одлука и да ги отворам сите можности и шанса да го изберам најдоброто, што воопшто нема да биде лесно. Јас сум во клуб каде што сум среќен. Се чувствувам многу добро, но дали е ова место најдобро за мене? Сè уште го немам одговорот на тоа прашање”, рече Мбапе, но исто така додаде:
“Знам дека проектот на ПСЖ е различен со мене и без мене. Но, тие ги разбираат моите мисли затоа што знаат дека нема да направам никакви валкани потези. Да се биде голем играч исто така знае да управува со работите надвор од теренот направете ги чисто и без да се криете“, нагласи 22-годишниот Французин.
Многумина ги толкуваа овие зборови како навестување за неговиот трансфер во друг клуб во блиска иднина. Што ќе се случи на трансфер пазарот ова лето, останува да видиме.
Неговиот договор со Парижаните истекува следното лето, а богатите сопственици наскоро ќе треба да одлучат што да прават со најголемата sвезда на нивниот тим покрај Нејмар.