Клијан Мбапе е подготвен да го напушти Париз и веќе е познато во кој клуб сака да ја продолжи кариерата.
Многу великани ќе се натпреваруваат за талентираниот француски репрезентативец, а тој најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид. Сепак, британски Тајмс сега ја носи веста дека фаворит на Мбапе е Ливерпул.
И покрај астрономската сума на пари потребни за купување на Мбапе, Ливерпул сè уште ја разгледува можноста за летото, а репортерот на Тајмс, Данкан Кастлс е убеден дека играчот е подготвен да игра точно на „Енфилд“.
Кастлс објасни дека играњето во Премиер лигата е сон на Мбапе и дека покрај Ливерпул, има друг клуб кој го сакаат Мбапе, а тоа е Манчестер Јунајтед, додека играчот сигурно ќе биде во искушение од поканите на Реал Мадрид и Барселона.