Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до летото 2022 година. Според француските медиуми тој одбил да ја продолжи соработката. Со оглед на тоа дека ризикуваат да го загубат за без пари, ПСЖ најверојатно ќе се одлучи да го продаде по оваа сезона и да заработи нешто. Најзаинтересиран е Реал Мадрид.

Според „Тутомеркато“ дури пронајдена е и замена. Наводно тоа ќе биде Кристијано Роналдо. Португалецот ќе биде замената доколку Мбапе не го продолжи договорот и замине од Париз.

Роналдо има договор за уште една сезона со Јувентус, но можно е да се очекува „Старата дама“ да го продаде за 30 милиони евра.