Килијан Мбапе со три голови ја потопи Барселона на првата пресметка од двомечот помеѓу овие две екипи во ЛШ. Беше незапирлив синоќа, а тана само третиот играч по Шевченко и Асприља кој постигнал хет-трик на „Камп Ноу“.

Секако веднаш беше прашан за неговата иднина, а во изминатиот период многу се шпекулира за трансфер во Реал Мадрид.

-Дресот на ПСЖ е многу драг на моето срце. Мојата иднина? Би било глупаво да се одлучува за својата иднина на еден меч. Вистина е дека се работи за долгорочно размислување. Но, секогаш сум зборувал дека сум среќен тука, остана недокажан Килијан Мбапе.

loading…