Килијан Мбапе, според француските L’Equipe и Le Parisien, дефинитивно е на продажба.
Младиот Мбапе (22), кој е познат како најнадежен фудбалер на светот, секако има желба да направи промена во кариерата. Тој го одложува потпишувањето на новиот договор и со тоа ги разочара сопствениците на ПСЖ, па сега сакаат да го продадат.
ПСЖ пред четири години му плати 180 милиони евра од Монако, а сега за него бараат дури 200 милиони евра.
Мбапе има договор до летото 2022 година, но тој упорно одбива да прифати нов договор на „Паркот на принцовите“, па се поизвесно е дека клубот ќе го продаде на крајот од сезоната.
Многу клубови не можат да си дозволат да го купат Мбапе, но некои дефинитивно имаат таква економска моќ. Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер Сити се сметаат за фаворити за негово доведување.
Мбапе се смета за најголема желба на Флорентино Перез да формира нови Галактикоси уште од летото, па тој ќе стори сé за да го купи, и ќе видиме дали тој е во состојба и дали е подготвен да издвои дури 200 милиони евра за играчот кој неодамна постигна хет-трик против Барса на Камп Ноу и кој, заедно со Ерлинг Халанд, според многумина е наследник на Роналдо и Меси.