Килијан Мбапе во ја потопи Барселона на „Камп Ноу“ со три голови, а ПСЖ славеше со 4:1. Тој беше незапирлив. А, по вакви натпревари медиумите секогаш „копаат“ по некоја интересна приказна. Така е и сега.

Имено, менаџерот на Килијан Мбапе, изјавил дека неговиот клиент своевремено, или поточно во 2017-та година бил на чекор од Барселона. Иако самиот фудбалер изразил желба да се пресели на “Кам Ноу“ сепак, на крајот раководството на Барселона го избрало Осман Дембеле.

-Тој имаше желба да игра во Барселона, но раководството тогаш инситираше на Осман Дембеле, додека дел од нив за Мбапе велеа дека е никој и ништо, изјави неговиот менаџер Џуниор Мингела.

Исто така тој додава дека договорот би бил вреден 130 милиони евра, а Мбапе требал по сезона да добива од 10-16 милиони евра. Сепак, Барселона во тоа време повеќе веруваше во Дембеле, за кого плати 100 милиони евра.