Вооружен маж се забарикадирал денес во хотелска соба во хотел во главниот град на Хаваи Хонолулу и пукал низ врата, соопшти полицијата.

Според полицаецот Брајан Линч, никој не е повреден во инцидентот.

Хотелот Кахала објави дека обезбедувањето на хотелот и полицијата ги евакуирале околните соби и дека луѓето се безбедни, пренесува АП.

Фотографиите и видеата на локалните медиуми покажуваат околу 100 лица заклучени во салата на хотелот.

Фотографиите надвор од хотелот покажуваат големо полициско присуство, вклучително и специјален полициски одред (SWAT).

Линч рече дека полицијата чека мажот да ја напушти просторијата.

Полицијата верува дека тој е припадник на војската.