Вчера околу 12.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај место викано ,,Ливади“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.П.(48) од Крива Паланка и патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(70) од с.Руѓинце, општина Старо Нагоричане.

Од здобиените повреди на местото починал возачот Б.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово, соопшти полицијата.  / Макфакс

Текстот Маж од Кумановско загина во сообраќајка меѓу товарно и патничко возило е превземен од МАКФАКС.